За се и за ништо

Ебате животот, ебате!

Да се стрепиш за секој динар, да се пресметуваш за секој чекор што сакаш да го направиш..

Да фаќаш врски за да добиеш нешто што ти следува,

Да глумиш лудило пред секој кретен што освен два листа хартија со лого на политичка партија, има само уште трицифрен број на евра в џеб во секое време повеќе од тебе,

Да чекаш решение од катастар за трансформација на земјиште што е твое од турско 15 години,

Да работиш во јавна администрација 6 месеци без да ти се плати 1 денарче (до пред неколку години ова),

Да те шуткаат од врата до врата за документ кој всушност бил кај „млаѓи референт“ во првата канцеларија каде што си тропнал,

Да ти закажуваат состанок во 10 за да се изначекаш до 12 за да ти каже колега дека е лицето на службен пат до петок,

Да чекаш од 8 до 14 за да ти прочитаат резултати од крв и урина,

Да бидеш на царина и да ти фали документ, па да се јавиш во општина и половина час да објаснуваш кој документ ти фали за тој од другата страна само да ти го прати по факс и само да ти каже дека е во фрка и дека има странки и дека не може да стане и да отиде отспротива за да стави печат на документот и да сврти 6.. пардон 7 броја,

Да се вратиш од царина и да му се појавиш на батката од погоре за да видиш дека чита црна хроника од завчера со цигара в раце кој уште и ти се заканува што си влегол така напизден иако ти си возел ко луд за да стигнешп на време, не дај боже да и текне на општината да затвори порано… викенд е,

Да имаш минимаркет и санитарен инспектор што доаѓа кога ќерка му оди на одмор за по некоја штека цигари или жесток пијалок за да не те казни, де,

Да имаш комшии што не ти даваат да направиш ограда која е всушност ваш заеднички ѕид и која всушност и ним им треба, а ти ја плаќаш од инат,

Да си под постојан притисок дека некој ти дише во врат само зашто си секој ден по катастар и општина и си го бараш своето,

Да купиш урми за Божик трипати поскапи од пред Нова Година,

Да добиеш известување од банка дека не знаат зошто но 7 месеци твојот кредит не се плаќал, а тебе ти задржувале од плата и дека навистина се збунети каде се парите,

Да ти исплатат за сработеното по половина година од завршување на работата,

Да те тапкаат по рамо дека си одличен работник, но дека за жал, времињата се тешки и дека секој си го чува дупето, за следниот ден да видиш како некој без квалификации добива унапредување поддржан токму од оној твој куку-леле тапшач,

Да се плашиш да отидеш на одмор зашто тешко се живее по тоа,

Да знаеш дека февруари е најтешкиот месец во годината зашто си се потрошил, а платата ко по Марфи најмногу доцни тогаш,

Да се нагодуваш со твојот станодавец за следните два месеци да не плаќаш кирија за да донесеш уште пар фотелји и трпезариска маса од станот на твоите,

Да бараш по интернет концерти на твоите омилени бендови и да држиш прекрстен палец за тие да свират некаде во регионов за да можеш да се организираш некако (по можност како слеп патник) да одиш ги видиш,

Да се радуваш на визна либерализација како да досега само тоа беше проблемот, ти имаше пари во секое време да отидеш некаде туристички, само не сакаше да дадеш 50 евра за виза, де,

Да ти продаваат култура луѓе со контроверзно минато и такви што мешаат комплимент со континент, кондиционо и кондиционално,

Да се радуваш на победа во Зунга покер,

Да пополнуваш формулари за остварен профит во претходната година до 1 март тековната година, претворајќи се во сметководител од лингвист,

Да проверуваш пошта како да си најјакиот бизнисмен и да се радуваш на ppt фајл како бебе на топло млеко зашто некој мисли на тебе,

Да заборавиш како беше одењето во кино и да мораш да бегаш во помошни простории зашто дошло 8 и се гледа 1001 ноќ низ цел град,

Да ти е шубе цигара да запалиш да не случајно не дај Боже на улица да не се чукнеш во непушач,

Да ти е просто незгодно што си нормален и да се препрашуваш зошто сите така попреку те гледаат, а ти си само љубезен со сите и немаш никаква умисла во сето тоа,

Да работиш за тројца, да те плаќаат ко за еден,

Да доаѓаш на работа во 8 и пол и да си одиш околу пет, а некој од кај тебе (не)доаѓа во 12 и си оди во 14,

Да бараш дополнителна дејност зашто не се издржува,

Да си муабетиш со странец онака лежерно и патем да му кажеш дека си бил на море летово и дека плаќаш кредит, а претходно веќе си му кажал дека работиш за 300 евра и да ти се изначуди на умешноста на живеењето,

Да му биде на странец откажан лет, па да му помогнеш да резервира друг само со: 070…. Ми треба карта за 22.05.09 до Франкфурт. -Име и презиме? -Бил Смит. -Во ред. Благодарам. За странецот да просто да посака да си остане овде оти никој не му бара кредитна картички и оти завршил работа за 5 секунди.

Европа? Here we come!

3 Responses to “За се и за ништо”

  1. E ova e ona vistinskoto…napisano…macno……

  2. Ова како кај нас – во Македонија :)

  3. [...] The busiest day of the year was January 29th with 70 views. The most popular post that day was За се и за ништо. [...]

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.