Најслаба карика

Како се викаше ликот од „Војна на ѕвездите„ со шилести уши? -Душко Долгоушко!

Ако кирилицата е второто словенско писмо, кое е првото?- А!

Кој пол се обележува со крст и стрелка? -Бубрег!

Како се вика мемориска единица од 1,4 Мб? -Шпорет!

Во кој филмски жанр спаѓа „Петок 13“? -Историски.

Ова, за среќа, не се одговори на учесниците на квизови од Македонија. Искрено, мислам дека допрва таму не чека една цела ризница на бисери и лапсузи, а богами и чисто, невино незнаење… Да им сече толку, не верувам! Да имаат трема, пак не верувам! Да се накркале нешто, па дошле на квиз, повторно не ми е верно..

„Добар ден, добар ден. Овде Крсто од „Сепак се врти„. Да не ве разбудивме? -Остај ме, будало да спијам!

Како бе се пријавуваат на квизови? Си седи дома мажот, опуштен ко мачор пред парење, со раката на голиот стомак затскриена под синдикалката, чешкајќи се и гласно коментирајќи: „Стојно, а да се пријавам јас на квиз. А? Шо викаш?“ „Оди бе, Стојан, што да не, и некој динар ќе донесеш. Шо? Овие да не знаат нешо повеќе од тебе?“

И оди Стојан.. Пополнува формулар.. Име/презиме… Возраст… пол: јужен.. Деца: 1 дома, 1 на пат.. Образование: 8 одд… Сакав и средно, ама морав дрва у шума да сечам… Посебни вештини и способности: Ух.. па што да пишам овде.. Мењам сијалица у темница, Стрижам мустаќи до милиметар.. И по некоја игра на случајост, Стојан успева да стигне во квизот.. Таков раскопчан, во петролеум/беж каро со едно копче помалку на сакото, малку тесно околу струкот, па кренато кај вратот се појавува пред окото што снима. А фацката.. Фацката му е посебна сторија. Изгорен како да фатил гола жица со мокра рака и некако успеал да спаси дупе.. Изгужван како купче хартија фрлено во ќош кога не ти се допаѓа како си напишал тоа што си го напишал..  И следува.. Момент на вистината! – Квиз каде што не ти треба познавање на светот и она во него, туку си доаѓаш само со саковце, кој што има и тераш со знаењето што го имаш во себе, за себе и оние околу тебе. Седиш на столче, поврзан некако невидливо со полиграфот, чијашто задача е да те оцрни, да те омаловажи, да убие се што е во тебе за кое знаеш дека ја зборуваш вистината. И одговараш како на испит, како да си потпишал меница до 200 ден. и како да ти имаат ставено административна забрана дека ако не одговориш и отераш се во три мајчини, готово е, нема одење понатаму. Дајте бре… Кои се тие пари на светов што би натерале нормален човек да признае дека е ебан коцкар, кој го упропастил животот на себе и сите околу себе, дека не зборува со брат му, но дека го сака… И за што? За кога ќе добиеш прашање Дали некогаш си платил некому за да наплатиш долг и ти како свесен, возразен неизвеан човек речеш не… Пеколната машина да рече – Лага!

И што имаш на крајот… Пари нема, достоинство ич, ако си бил коцкар и не си исплатил сите долгови – само си ги зголемил шансите да те најдат тие на кои што им должиш.. Стануваш само предмет на потсмев на комшии, пријатели (ако ти останат, по се)…

И по се… Секогаш ќе има по некој што ќе мисли дека џихад е турцизам за коњ, дека Перикле ја пронашол периката, дека е корисен како пепелник на велосипед, дека го гледал Војна на жлездите: ламперијата го возвраќа ударот…

За некои, сепак, самоубиството е пукање во празно…

2 Responses to “Најслаба карика”

  1. maco svaka ti cast, opasna si bravoooo, i se nasmeav ubo

  2. [...] Најслаба карика January 2010 1 comment [...]

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.